Македонците штедат 600.000 евра дневно

Bez autora
Jul 18 2012

Македонците во првите пет месеци од годинава како заштеди во банките вложиле вкупно 90 милиони евра, односно оставале во просек по 600.000 евра дневно на име депозити. Ова го покажуваат податоците на Народната банка, според кои, заштедите на домаќинствата и покрај кризата која се чувствува и кај нас, се во континуиран пораст. Само во мај годинава граѓаните оставиле 14,8 милиони евра во банките на име заштеди или дневно оставале по половина милион евра. Дека штедните депозити на граѓаните се во континуиран пораст покажува податокот според кој минатата година сме ја завршиле со 2,66 милијарди евра депозити на домаќинствата во банките. Во мај годинава, пак, тие се искачиле на 2,75 милијарди евра, што значи дека за пет месеци Македонците, и покрај кризата, успеале да заштедат фантастични 90 милиони евра.

Македонците штедат 600.000 евра дневноМакедонците во првите пет месеци од годинава како заштеди во банките вложиле вкупно 90 милиони евра, односно оставале во просек по 600.000 евра дневно на име депозити.

Ова го покажуваат податоците на Народната банка, според кои, заштедите на домаќинствата и покрај кризата која се чувствува и кај нас, се во континуиран пораст. Само во мај годинава граѓаните оставиле 14,8 милиони евра во банките на име заштеди или дневно оставале по половина милион евра.

Дека штедните депозити на граѓаните се во континуиран пораст покажува податокот според кој минатата година сме ја завршиле со 2,66 милијарди евра депозити на домаќинствата во банките. Во мај годинава, пак, тие се искачиле на 2,75 милијарди евра, што значи дека за пет месеци Македонците, и покрај кризата, успеале да заштедат фантастични 90 милиони евра. Структурата на орочените заштеди покажува дека расте довербата на граѓаните во домашната валута, па така штедењето во денари е зголемено за разлика од тоа во странска валута, кое во мај покажува мал пад.

Од друга страна, податоците на Централната банка покажуваат дека во исто време расте и задолженоста на граѓаните. Според статистиката, само во мај годинава тие се задолжиле кај банките со 16,4 милиони евра или дневно подигале по 529.000 евра на име кредити. Поради тоа што банките беа претпазливи во одобрувањето на кредитите изминатиот период, за пет месеци одобриле 35 милиони евра кредити на граѓаните. Со тоа вкупната задолженост на домаќинствата достигна 1,32 милијарда евра.

Пораст има и кај сомнителните и спорни побарувања од банките, кои во мај се зголемени за околу 3 милиони евра и достигнаа рекордни 349 милиони евра. Оваа сума е десет пати зголемена од 2007 година досега. За експертите загрижувачки е податокот дека расте бројот на кредити кои банките не можат да ги наплатат од домаќинствата, за разлика од порано кога најмногу заглавуваа компаниите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik